
Фудбалерите на Реал Мадрид во средата го освоија Интерконтиненталниот куп на ФИФА, кој се одржа во Катар. Во финалето што се одигра во Лусаил, актуелните европски шампиони со убедлива победа од 3-0 ја совладаа мексиканската Пачука и го освоија новиот трофеј. Капитенот на Реал, Лука Модриќ, ги одигра последните 20 минути и на крајот го подигна пехарот.
На социјалните мрежи стана вирално видео од соблекувалната на Реал, каде Килијан Мбапе, воодушевен од достигнувањето на Модриќ, изјавува:
„Па, има повеќе трофеи отколку јас години!“, изјави Французинот, насмејувајќи ги своите соиграчи.
Видеото веднаш привлече големо внимание меѓу фудбалските фанови.
Kylian Mbappé finding out Modrić has more Real Madrid trophies than he has yeaes. 😂
— TC (@totalcristiano) December 20, 2024
pic.twitter.com/6kIuB3VC1k
Лука Модриќ оваа сезона има одиграно 25 натпревари со вкупно 1111 минути на теренот. Неговиот договор со Реал важи до крајот на сезоната, а со оваа победа тој го освои својот 28. трофеј во дресот на „кралевите“.
Во 122-годишната историја на клубот, ниту еден друг фудбалер нема освоено повеќе трофеи. Дани Карвахал има еден трофеј помалку, додека Начо, кој го напушти клубот летово, има два помалку. На 25 трофеи за Реал се и Марсело и Карим Бензема.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
