Манчестер Сити покажува сериозен интерес за играчот од средниот ред на Милан, Тиjани Рeјндерс. Холандскиот фудбалер игра одлична сезона во дресот на „росонерите“, што го привлече вниманието на „граѓаните“, кои сакаат да го донесат во своите редови.
Не е тајна дека на „Етихад“ бараат играч кој би можел да го замени повредениот Родри. Според информациите, Рeјндерс е една од главните цели на клубот. Скаутите на Сити го следеле внимателно и го препорачале неговото ангажирање. Наводно, Манчестер Сити е подготвен да понуди околу 60 милиони евра за неговиот потпис.
26-годишниот фудбалер беше донесен во Милан минатото лето од АЗ Алкмар за сума од 20 милиони евра, што се покажа како одлична зделка за „росонерите“. Рeјндерс брзо се наметна како клучен играч и досега одигра 22 натпревари за клубот, постигнувајќи осум голови и три асистенции.
Сепак, трансферот на Рејндерс во Манчестер Сити нема да биде лесна задача. Милан тешко ќе се согласи да се раздели со толку важен фудбалер во средината на сезоната. Покрај тоа, „росонерите“ веќе преговараат со Холанѓанецот за продолжување на договорот и зголемување на неговата плата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













