Пари Сен Жермен планира да испрати понуда за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, во јануари. Според информациите на „RMC Sport“, клубот од „Паркот на принцовите“ веќе воспоставил контакт со претставници на играчот за да започне почетни разговори на оваа тема.
Интересот на парижани за овој фудбалер не е нов. Тие го посакуваа уште летово, кога беа сметани за главен фаворит за неговиот потпис, но договор не беше постигнат, бидејќи Французите одбија да ја платат бараната сума од 100 милиони евра од Наполи. Подоцна, играчот влезе во конфликт со раководството на Наполи и беше испратен на позајмица во Галатасарај.
Сепак, сега ПСЖ има намера повторно да се обиде да го донесе Нигериецот во своите редови. Ова сценарио ќе биде реално ако клубот се раздели со Рандал Коло Муани, за кого е заинтересиран Манчестер Јунајтед и може да се пресели на „Олд Трафорд“.
Меѓутоа, евентуалниот трансфер на Осимен нема да биде лесно изводлив. ПСЖ ќе мора да подготви доволно атрактивна понуда за да ги убеди и Наполи и Галатасарај да ја прекинат позајмицата на играчот.
Инаку, 26-годишниот напаѓач прави вистинска сензација со тимот на „Џим Бом“. Од почетокот на сезоната во Турција, тој има постигнато 10 голови и пет асистенции на 14 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













