
Баерн Минхен ја забележа својата 11-та победа оваа сезона во Бундеслигата, откако на „Алијанц Арена“ убедливо го совлада РБ Лајпциг со 5-1. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не беше дел од тимот на Лајпциг поради повреда.
Натпреварот започна со брз ритам, при што беа постигнати два гола во првите две минути. Џамал Мусијала го отвори резултатот за Баерн во првата минута, но Лајпциг брзо израмни преку Бењамин Шешко.
Конрад Лајмер во 25. минута повторно го донесе Баерн во водство, а Џошуа Кимих со спектакуларен удар од далечина зголеми на 3-1 во 36. минута.
Во второто полувреме, Лирој Сане и Алфонсо Дејвис додадоа уште два гола, поставувајќи го конечниот резултат на дуелот кој беше означен како дерби.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
