Тотенхем обезбеди пласман во следната фаза од Карабао Купот, откако во четвртфиналето на домашен терен го совлада Манчестер Јунајтед со 4-3.
„Петлите“ одиграа извонреден натпревар, демонстрирајќи ефикасност и самодоверба, со што на новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, му укажаа на предизвиците што го очекуваат. Двоен стрелец за Тотенхем беше Доминик Соланке, кој постигна голови во 15. и 54. минута, додека по еден гол додадоа Дејан Кулушевски и Хјонг-Мин Сон.
Иако Манчестер Јунајтед успеа да се врати од 3-0 на 3-2 благодарение на головите на Зиркзе и Диало во 63. и 70. минута, тимот не успеа да го искористи моментумот. Наместо тоа, Тотенхем со четвртиот гол ја зацементира победата, додека третиот погодок за „црвените ѓаволи“ го постигна Џони Еванс во екстра-времето.
Освен Тотенхем, во полуфиналето на Карабао Купот ќе играат и Арсенал, Ливерпул и Њукасл.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













