Ливерпул започна сериозна подготовка за наоѓање замена за Трент Александер-Арнолд, чиј договор истекува летово, а неговата иднина на „Енфилд“ останува неизвесна. Според шпекулациите, десниот бек би можел да си замине како слободен агент и да потпише со Реал Мадрид. Во таа насока, „црвените“ веќе разгледуваат потенцијални кандидати за неговата позиција.
24-годишниот Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен е меѓу главните цели на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. Холанѓанецот импресионира со своите квалитети како во одбраната, така и во нападот – карактеристики што потсетуваат на стилот на Александер-Арнолд. Според медиумите на Островот, Слот гледа во Фримпонг идеална замена која може да се адаптира на системот на тимот.
Сепак, Фримпонг е цел и на бројни европски гиганти, вклучувајќи ги Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Баерн Минхен. Откупната клаузула на играчот изнесува 40 милиони евра, што значи дека битката за неговиот потпис ќе биде како финансиска, така и спортска.
Ливерпул не се ограничува само на Фримпонг и разгледува и други можности за зајакнување на одбраната. Меѓу имињата што се споменуваат е и Мало Густо од Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













