
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, продолжува да поставува рекорди по одличниот почеток на својата кариера со „црвените“. Во средата, тимот ја забележа својата 20-та победа во првите 24 натпревари под водство на Холанѓанецот. Со тоа, Слот го израмни рекордот на Вилијам Садел од сезоната 1889/89, станувајќи еден од двајцата тренери кои најбрзо стигнале до 20 победи во англискиот елитен фудбал.
Ливерпул има само еден пораз од почетокот на сезоната во сите натпреварувања. Тимот е првопласиран и во Премиер – лигата и во Лигата на шампионите, каде веќе се квалификуваше за осминафиналето. „Црвените“ се и во полуфиналето на Карабао купот, каде ја продолжуваат одбраната на својот трофеј, а наскоро ќе го започнат и учеството во ФА купот.
Следниот предизвик за Слот и Ливерпул е во недела, кога гостуваат на Тотенхем во Премиер – лигата. Инаку, градското дерби со Евертон од 15. коло беше одложено, што значи дека Слот можеше да ја постигне својата 20-та победа и порано, доколку тој натпревар се одиграл.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski