
Џулијан Риерсон, норвешкиот дефанзивец на Борусија Дортмунд, колабирал во тунелот на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ за време на полувремето од натпреварот против Барселона, што довело до неговото повлекување од теренот на почетокот на второто полувреме.
Според информациите од германскиот весник „Билд“, причината за замената е поврзана со проблеми со крвотокот.
После завршувањето на натпреварот, Риерсон бил однесен во болница, каде што му биле направени кардиолошки и невропсихијатриски прегледи. Во моментов не се знае точната причина за колабирањето, но клубот е особено внимателен откако слични медицински проблеми за време на кариерата имаше и Себастиен Але, кој боледуваше од канцер.
Засега не е познато дали Риерсон ќе биде во составот на Борусија Дортмунд за неделниот натпревар против Волфсбург во Бундес – лигата. Клубот продолжува со следење на неговото здравје и ќе донесе одлука по завршувањето на дополнителните прегледи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal