
Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, е вклучен во составот за утрешното гостување против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите. Уругвајскиот репрезентативец се повреди на натпреварот со Бразил во четвртфиналето на Копа Америка, по што беше опериран.
По 156 дена рехабилитација, Араухо доби зелено светло од медицинскиот тим на Барселона и отпатува со тимот во Германија.
Ова е првпат тој да биде вклучен во тимот под водство на новиот тренер Ханси Флик, иако сè уште не е јасно дали Германецот ќе му даде шанса на утрешниот натпревар или ќе почека уште неколку дена.
Барселона моментно е на третото место на табелата во Лигата на шампионите со 12 бода, исто колку и Борусија Дортмунд, која има послаба гол – разлика.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
