Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски предвреме ја заврши 2024 година со настапи поради повреда на скочниот зглоб. Напаѓачот на Џирона се повреди на последниот тренинг пред утрешниот меч со Ливерпул во Лигата на шампионите.
Според лекарските консултации, Миовски ќе мора да носи специјална заштитна „чизма“ на ногата во следните три недели, а целокупниот процес на опоравување се очекува да трае околу шест недели.
Ова значи дека ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на годината.
Оваа повреда е сериозен удар за Бојан, кој во последниот период беше во одлична форма и си го заслужи местото во стартниот состав на Џирона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













