Connect with us

Мбапе призна за несогласувањата: Прашајте го Дешамп, мене ми е забрането да зборувам на таа тема

Ситуацијата на раздор меѓу капитенот на фудбалската репрезентација на Франција, Килијан Мбапе, и селекторот Дидие Дешан, станува сè поочигледна. Тензиите меѓу двајцата веќе не се тајна, откако Мбапе отворено проговори за проблемите со селекторот.

Мбапе ги пропушти последните две акции на националниот тим во Лигата на нации. Во октомври, селекторот наведе дека напаѓачот не бил доволно подготвен, а во ноември Дешан не го вклучи Мбапе на списокот, образложувајќи дека тоа е „во интерес на самиот играч“ поради неговата ситуација во Реал Мадрид.

Мбапе сега јавно изрази незадоволство.


„Тоа е одлука на селекторот која морам да ја почитувам“. рече Мбапе.
„Сакав да бидам дел од репрезентацијата во ноември. Франција за мене е најважна, но не можев да дојдам бидејќи не добив повик. Прашајте го Дешамп, мене ми е забрането да зборувам на таа тема“ истакна тој.

Иако ситуацијата изгледа напната, двете страни ќе имаат време да ги надминат разликите, со оглед дека Франција ја очекуваат бројни предизвици во 2025 година. Националниот тим, и без Мбапе, го обезбеди првото место во групата и се пласираше во четвртфиналето на Лигата на нации, каде во март ќе игра против Хрватска. Дополнително, во јуни или септември, „триколорите“ ќе започнат со квалификациите за следното Светско првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови