
Во вчерашниот натпревар од 14. коло на англиската Премиер – лига, Ливерпул и Њукасл одиграа 3-3. Мохамед Салах постигна два гола и даде асистенција во овој дуел, што му донесе и рекорд во елитното англиско натпреварување.
Египетскиот напаѓач на Ливерпул по 37. пат во својата кариера во најсилниот ранг на англискиот фудбал постигнал гол и имал асистенција на истиот натпревар.
Досега рекордот го делеше со Вејн Руни, кој тоа го направил 36 пати. Руни го држеше рекордот од јануари 2016 година.
За новиот рекорд, на Салах му беа потребни 214 натпревари помалку од што му биле потребни на легендарниот стрелец на Манчестер Јунајтед и Евертон, Вејн Руни.
Целата кариера во Англија, Мохамед Салах ја помина во Ливерпул, за кој има одиграно вкупно 370 натпревари, постигнато 226 голови и забележано 101 асистенција. Оваа сезона е водечки стрелец (13) и втор асистент (8) на натпреварувањето.
Руни е најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед со 253 голови од 559 натпревари. Во дресот на големиот клуб од „Олд Трафорд“, тој реализирал и 139 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ
