Connect with us

Македонија со напредок од две места на листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација забележа напредок на најновата ФИФА ранг-листа по двете победи во Лигата на нации против Летонија и Фарски Острови.

Сега Македонија се наоѓа на 67. позиција, напредувајќи од 69. место, и има 1368 поени. На табелата е блиску до селекциите на Буркина Фасо, Албанија и Јордан.


Зад Македонија се најдоа Грузија и Финска, кои бележат пад. Ова е највисоката позиција на Македонија на ФИФА ранг-листата оваа година.

Во завршницата на натпреварите во Лигата на нации, Македонија ги совлада Летонија и Фарските Острови со по 1-0. Претходно, репрезентацијата забележа победи против Летонија и Ерменија на гости, како и против Ерменија дома. Единствениот нерешен резултат беше против Фарски Острови во Торшавн.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови