Реал Мадрид покажува интерес за Мартин Зубименди, објави „Марка“. Европскиот шампион сака да го засили средниот ред по заминувањето на Тони Крос во пензија.
„Кралевите“ немаат намера да го купат Родри од Манчестер Сити, па затоа ги истражуваат можностите за привлекување на играчот за врска на Реал Сосиедад.
25-годишниот играч за врска има вредност од најмалку 60 милиони евра, а за него интерес покажуваат и Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити.
Шпанскиот репрезентативец Мартин Зубименди е роден во Сан Себастијан и е дел од младинската школа на Реал Сосиедад. Тој беше дел од шпанската репрезентација што ја освои титулата на ЕВРО 2024.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













