
Во возбудлив викенд во Бундес-лигата, Лајпциг, без македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој е надвор од терените поради повреда, доживеа пораз од Хофенхајм со 4-3.
Иако Лајпциг двапати имаше предност, домаќините со головите на Адам Хлозек и Јакоб Брун Ларсен во завршницата на натпреварот дојдоа до драматичен триумф.
Во еден од најинтересните дуели на колото, Баер Леверкузен направи неверојатен пресврт. И покрај негатива од 0-2 по само дваесетина минути, тимот на Чаби Алонсо доминираше во продолжението и славеше со убедливи 5-2 против Хајденхајм. Патрик Шик беше херојот со хет-трик, а во листата на стрелците се запишаа и Езекиел Палациос и Гранит Џака.
Во останатите натпревари, Борусија Дортмунд забележа сигурна победа од 4-0 против Фрајбург, додека Штутгарт продолжи со добрата форма, победувајќи го Бохум со 2-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal
