Искусниот дефанзивец Егзон Белица ја засили Шкендија. Тој одлучи да ја прифати понудата на тетовскиот клуб и повторно ќе го облече црвено-црниот дрес. Стружанецот, кој зад себе има богата кариера, потпиша едногодишен договор со можност за продолжување.
Ова е негово враќање во Тетово по цели 12 години – во 2013 првпат беше дел од проектот на Шкендија под водство на „Еколог“. Потоа неговата кариера го однесе низ Финска (Интер Турку), Летонија (Рига), Албанија (Партизани Тирана – шампион) и Косово (Куп со Приштина).

Последните две сезони Егзон Белица беше капитен на Работнички.
Со искуството и авторитетот што го носи, Белица треба значајно да ја засили дефанзивната линија на македонскиот првак.
„Добредојде назад, Егзон! Време е повторно да блескаш во црвено-црно,“ порачаа од клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Зиелински го нокаутира Јуве во 90.минута (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Аталанта славеше против Лацио на „Олимпико“
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Артета ги откри проблемите на Арсенал













