
Италијанскиот шампион Интер покажува интерес за позајмица на крилниот напаѓач на Ливерпул, Федерико Киеза, во јануари. Ливерпул го ангажираше италијанскиот репрезентативец летово за 12,5 милиони фунти, но тој досега има одиграно само еден натпревар во Премиер – лигата и вкупно 78 минути во сите натпреварувања.
Во последните пет натпревари, Киеза не беше во составот поради физички проблеми.
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, неодамна изјави дека најважно за Киеза е да ја надгради својата физичка подготвеност за да може да се справи со високиот интензитет на англискиот фудбал, посочувајќи дека во моментот нема намера да го испрати на позајмица. Сепак, шпекулациите за можен трансфер во јануари продолжуваат.
Според „Тутоспорт“, Интер веќе има конкретни планови за позајмица на Киеза, а интерес покажуваат и Милан и Рома.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо сака да го доведе Санчо во Фенербахче

Евро-фудбал
Мбапе се враќа за дуелот со Салцбург?

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер
