
Баерн Минхен оствари минимална победа (0-1) на гости против Сент Паули и ја зголеми својата предност на табелата во однос на Лајпциг на шест бода. Сепак, тимот на Елиф Елмас, Лајпциг, допрва ќе игра против Борусија Менхенгладбах во ова коло од Бундеслигата.
Џамал Мусијала беше стрелец на единствениот гол за Баерн на овој натпревар, постигнувајќи спектакуларен погодок од далечина во 22. минута.
Борусија Дортмунд доживеа пораз (3-1) на гости против Мајнц. Емре Џан доби црвен картон во 27. минута, што им даде предност на домаќините. Ли Јае-Сунг го отвори резултатот за Мајнц, но Серху Гираси израмни од пенал. Сепак, Бурхарт повторно донесе предност за Мајнц пред паузата, а Паул Небел во 54. минута ја потврди победата.
Баер Леверкузен одигра 1-1 на гости против Бохум. Патрик Шик постигна гол за Баер Леверкузен во 18-та минута, но Који Мијоши успеа да израмни во 89. минута, носејќи им бод на Бохум.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski