
Европскиот првак Реал Мадрид загуби на домашен терен од Милан со 1-3 и веќе има два порази по четири кола во Лигата на шампионите. Тоа е уште еден шок за тимот на Карло Анчелоти по дебаклот во Ел Класико.
Тијао со удар со глава донесе водство за Милан, а израмни Винисиус Жуниор од пенал во 23.минута. Сепак, Алваро Мората со голот во 39.минута обезбеди предност за Милан на паузата, а Рејндерс во вториот дел го нокаутира Реал Мадрид.
Манчестер Сити исто така доживеа убедлив пораз на гости кај Спортинг Лисабон со 4-1. Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, на фантастичен начин се прости од фановите на португалскиот клуб и сигурно со големи амбиции ќе биде пречекан на „Олд Трафорд“. Фил Фоден го доведе Сити во водство во четвртата минута, но потоа Виктор Ѓокереш постигна хет-трик, а погоди и Арауго за убедлива победа на Спортинг.
Ливерпул го победи Баер Леверкузен со 4-0 на „Енфилд Роуд“. Отпорот на германскиот тим беше скршен дури по еден час, Луис Дијаз погоди во 61.минута, а две минути подоцна стрелаше и Коди Гакпо. До крајот на мечот, Луис Дијаз комплетираше хет-трик.
Борусија Дортмунд едвај го победи Штурм со 1-0, со голот на Дониел Мален во 85.минута, а Селтик славеше против Лајпциг со 3-1. Елиф Елмас играше од 68.минута на овој натпревар.
Лил и Јувентус ремизираа 1-1, а Монако ја победи Болоња на гости со 0-1, со голот на Тило Керер во 87.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Хулен Лопетеги е нов селектор на Катар
