
Македонскиот прволигаш Гостивар е во потрага по нов стратег откако се раздели со Муарем Муарем по ремито против Беса (1-1) во минатото коло. Иако поминаа десетина дена, сепак, засега нема конкретна информација за ново име кое ќе го преземе кормилото.
Од Бугарија доаѓа информацијата дека Гостивар е во преговори со легендарниот бугарски фудбалер Красимир Балаков. Тој до крајот на минатата сезона беше тренер на Локомотив Софија, а има работено и во Грасхоперс, Сент Гален, Хајдук Сплит, Черноморец Бургас, Кајзерслаутерн, Литекс, ЦСКА 1948 и Септември Софија, а беше и селектор на бугарската репрезентација.
Гостивар во моментот се наоѓа на третата позиција на табелата во Првата фудбалска лига, а в недела му гостува на лидерот Работнички.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
