
МАКФУДБАЛ во Рига,
Фудбалската репрезентација на Македонија оствари убедлив триумф над Летонија (0-3) во третиот меч од Лигата на нации. Атанасов, Ќамили и Елмас беа стрелци на головите, а селекторот Благоја Милевски повторно мораше принудно да менува во одбраната откако се повреди Висар Муслиу.
Во еден дел од мечот и Фисник Алими, кој е играч за врска, мораше да застане на централната стоперска позиција.
„Најважно е што ги освоивме трите бода. Почнавме добро, дадовме гол во првото полувреме, а имавме шанси и за уште неколку. Во второто постигнавме уште два и најважно е што не примивме гол. Оваа победа беше многу важна за нас, бидејќи сите знаеме како загубивме два бода против Фарски Острови. Сега одиме во Ерменија по нова победа.
Се надевам дека Висар е добро и дека ќе може да игра со Ерменија, за мене тој е топ играч, а јас сум тука да помогнам во репрезентацијата на која било позиција“, изјави Алими.
Македонија во следното коло го игра најважниот меч во групата, против директниот конкурент за првата позиција, селекцијата на Ерменија во Ереван.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен
