Двата порази на стартот од новата второлигашка сезона беа доволен аларм за управата на клубот, па денеска беше обелоденето именувањето на Славчо Георгиевски – Тупан за нов кормилар на тетовскиот клуб. Тетовци ја стартуваа сезоната со Ивица Јовановски на тренерската функција, но денеска беше донесена одлука за разделба од овој стратег и именување на Георгиевски за нов предводник.
Покрај новиот стратег, Тетекс се засили и со тројца нови фудбалери, и тоа Борјан Пановски и Христијан Вецески од Работнички и Лазар Пеев од редовите на Борец Велес.
Тетовци e последнопласиран на табелата по првите две кола, а Георгиевски ќе дебитира на клупата на овој тим на гостувањето против Велешта во рамките од третата рунда од Втората лига – запад.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рома сака да го врати Мохамед Салах во Серија А













