
Манчестер Сити и Арсенал продолжуваат да го следат лидерот Ливерпул во трката за врвот на табелата во Премиер – лигата, со минимално заостанување од само еден бод.
Манчестер Сити ја обезбеди својата победа против Фулам со 3-2 на „Етихад“, додека Арсенал беше подобар од Саутемптон со 3-1 на „Емирати“.
За Сити, двоен стрелец беше Матео Ковачиќ, а гол додаде и Жереми Доку. Фулам се покажа како тврд противник и се држеше во игра со головите на Андреас Переира и Родриго Муниз, но сепак не успеа да извлече бод.
На „Емирати“, Саутемптон прв дојде до водство преку Камерон Арчер во 55. минута, но Арсенал брзо израмни само три минути подоцна преку Каи Хаверц. Мартинели и Сака подоцна ги постигнаа головите кои му донесоа на Арсенал сигурна победа.
Во останатите натпревари, Брентфорд и Вулверхемптон одиграа вистинска голеада со конечен резултат од 5-3 во корист на Брентфорд. Вест Хем го победи Ипсвич со 4-1, додека Лестер славеше со 1-0 против Борнмут.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
