
Видеото кое настана минатата сезона по видео анализата на натпреварот ПСЖ – Барселона (2-3), првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, стана вирално веднаш по неговото објавување. Станува збор за сцена од вториот дел на документарецот „Немаш поим“, изработен од продукциската куќа „Movistar Plus+“.
Целата епизода ќе биде прикажана во понеделник, а како тизер беше објавен најинтересниот дел. Во него се гледа како Луис Енрике, тренерот на ПСЖ, по завршувањето на анализата во салата останува сам со Килијан Мбапе пред големиот екран. Незадоволен од тоа како фантастичниот напаѓач ја одигра одбраната против Барса, тренерот му вели со силен тон:
"He leído que te gustaba Michael Jordan".
— Fútbol en Movistar Plus+ (@MovistarFutbol) October 3, 2024
"Michael Jordan se ponía a defender como un hijo de p***".#LuisEnrique 🗣️ Mbappé
📼 Lunes 7, '𝑵𝒐 𝒕𝒆𝒏𝒆́𝒊𝒔 𝒏𝒊 **** 𝒊𝒅𝒆𝒂' Capítulo 2. pic.twitter.com/VSYqtTAIsl
„Читав дека го обожуваш Мајкл Џордан. Е па, Џордан ќе ги фатеше сите соиграчи за јајца и ќе играше одбрана како луд! Биди лидер и пример за другите: Дембеле, Баркола, Асенсио, Коло Муани…“
Тренерот, откако го искара најголемото ѕвездено име на тимот, на крајот стигнаа пофалбите.
„Ти си феномен, без сомнение играч од светска класа, но тоа не е доволно.“
Енрике го завршува говорот со коментар во однос на тогаш претстојниот и веќе извесен трансфер на Мбапе во Реал Мадрид.
„Сакам да си заминеш од тука горд, преку главниот излез.“
Пет дена по овој говор на Енрике, Мбапе постигна два гола и го предводеше ПСЖ до голем пресврт и победа од 4-1 против Барселона, со што се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
