Лидерот Шкендија денеска (15 часот) доаѓа на дуел против Гостивар во Маџари во дербито на седмото коло од Првата фудбалска лига. Двете екипи досега немаат пораз, а Гостивар се надева дека со триумф би можел и да ги симне тетовци од врвот на табелата.
Сепак, крилниот напаѓач на Шкендија, Ване Крстевски, очекува Шкендија да покаже класа и на овој дуел.
„Среќни сме поради победата против Воска од 5-1, но веќе сме фокусирани на дуелот со Гостивар. Тие се квалитетен тим, но нашата цел е да прикажеме уште една добра игра и да го задржиме првото место“, изјави Ване Крстевски.
Третиот непоразен тим е Работнички, кој оди на мегдан кај Пелистер во Битола. Десниот бек Михаил Димитриевски очекува „романтичарите“ да продолжат со позитивни резултати.
„Првенството влегува во забрзан ритам и мораме да останеме фокусирани. Секој натпревар е многу важен за нас и веќе сме фокусирани на мечот против Пелистер во Битола. Тие се квалитетен тим, посебно добро играат на домашен терен, а сигурно ќе бидат осоколени и по триумфот на гости против Беса. Но, ние веруваме дека можеме да стигнеме до нов позитивен резултат. Се разбира, за тоа ќе треба да дадеме и повеќе од максимум“, изјави Михаил Димитриевски.
Тиквеш е во лоша низа, но се надева дека може да ја прекине на дуелот против Брера во Струмица.
Шампионот Струга Трим Лум и нема друг избор освен да атакува на трите бода на мечот против Воска Спорт во Охрид.
Шкупи по големата победа против Струга ТЛ сега сака да продолжи победнички и на натпреварот против Беса.
Дуелот меѓу Вардар и Силекс се игра во вечерен термин (20 часот) на Националната арена „Тодор Проески“. Вардарци закрепнаа по лошиот старт на сезоната, а Силекс секако е тим кој се надева дека може да освои и три бода против „црвено-црните“.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО (ДЕНЕСКА, 15 ЧАСОТ)
ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА
БРЕРА – ТИКВЕШ
ШКУПИ – БЕСА
ВОСКА – СТРУГА ТЛ
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
ВАРДАР – СИЛЕКС (20 ЧАСОТ)
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












