Connect with us

ФФМ: Викендов продолжуваат Првата лига, Вторите и Третите лиги

По еднонеделниот застој поради новите општи протоколи за организирање спортски натпревари пропишани од владата, продолжуваат фудбалските возбудувања во Македонија. Ќе се играат одложените кола во Првата лига, Вторите и Третите лиги.
  
Претстојниот викенд ќе се одиграат одложените натпревари од 1. и 2. МФЛ. Во најдобрата македонска фудбалска конкуренција ќе се одиграат натпреварите од 11. коло, додека 10. круг е на програмата во второлигашката конкуренција – Исток и Запад. 

Натпреварите првично беа закажани за 31. октомври и 1. ноември, но беа одложени со одлука на Комисијата за натпреварување во рамки на федерацијата поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од “Ковид 19”.

„Фудбалската федерација на Македонија ги усогласи условите за продолжување на натпреварувањата согласно препораките од Комисијата за здравство и според протокол кој е прифатлив за здравствените државни институции и согласно тоа, викендот ќе продолжат натпреварите од МФЛ. Како одговорно фудбалско тело изразуваме надеж дека тимовите ќе се однесуваат максимално сериозно и професионално во однос на почитување на мерките и препораките од здравствениот протокол во услови на организација на натпреварите во време на криза предизвикана од пандемијата Covid-19“, се вели на сајтот на ФФМ.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови