
Диего Симеоне зборуваше по победата на неговиот тим Атлетико Мадрид со 2-1 против Лајпциг во првото коло од главната фаза на Лигата на шампионите. „Јорганџиите“ играа многу подобро од својот противник, но до победата стигнаа дури во последните секунди од регуларното време.
„Момците одиграа добар натпревар. Противникот беше многу добар при противнапади и оттаму се обидовме да напаѓаме на различни начини. Имавме три или четири шанси кои не успеавме да ги реализираме. Изгледаше дека победата може да ни се извлече, но тогаш дојде прекрасниот гол на Хименез. Натпреварот беше многу добар, дури и ако завршеше нерешено. Колективната работа која се вршеше во текот на целиот меч беше одлична. Се справивме на различни начини и постигнавме важна победа“, изјави Симеоне.
Следниот противник на „турнирот на богатите“ за Атлетико Мадрид е тимот на Бенфика, кој исто така стигна до значајна победа на гостувањето кај Црвена Звезда.
„Следната битка е во Португалија, одиме таму за 10 дена. Овој формат нè обврзува да победуваме. Реми на стартот немаше да ни биде од корист. Форматот бара победи. Оние кои победуваат повеќе, ќе бидат меѓу првите осум, што овозможува да се играат два натпревари помалку“, додаде Симеоне.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
