Дани Олмо ја започна сезоната во Барселона на импресивен начин, откако беше доведен од Лајпциг ова лето. Шпанскиот играч од средниот ред постигна три гола во три натпревари, но се повреди при победата од 1-4 на гости кај Џирона.
26-годишниот фудбалер го постигна третиот гол за својот тим на почетокот од второто полувреме, но по еден час игра заработи повреда и беше заменет од Ерик Гарсија.
Според извештаите, Дани Олмо ќе ги пропушти следните три натпревари на Барселона.
Олмо има истегнување на задната ложа и многу е веројатно дека ќе паузира околу десетина дена. Сигурно ќе го пропушти претстојниот натпревар од Лигата на шампионите против Монако, а најверојатно нема да игра ниту против Вилјареал во Ла Лига.
Неговото учество на натпреварот против Хетафе исто така е неизвесно.
Барселона моментно е лидер во Ла Лига со пет победи во првите пет натпревари, при што тимот на Ханси Флик постигна 17 голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Евро-фудбал
Барса го загуби и Педри за неколку недели
Евро-фудбал
Прв гостински триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













