
Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, конечно одговори на најголемата понуда во историјата на фудбалот што ја доби од Саудиска Арабија. Рече дека нема намера да го напушти „кралскиот клуб“ до крајот на кариерата.
Саудискиот инвестициски фонд одлучи на бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор да му понуди петгодишен договор вреден една милијарда евра, плус бонуси, а на Реал му беше понудена отштета од нереални 400 милиони евра.
Вини би имал можност да го избере клубот во кој би сакал да игра, а сведок на понудата беше играчот од средниот ред на Ал-Итихад и поранешна ѕвезда на Ливерпул, Фабињо.
„Таа понуда е нешто незамисливо. Нешто неверојатно е и без преседан. Не се одбива“, изјави Фабињо.
Сепак, 24-годишната ѕвезда на Реал не ја интересираат пари. Тој реши културно да каже „не“ на понудата од Саудиска Арабија. Тој рече дека за него постои само Реал Мадрид.
„Би сакал да останам во Мадрид до крајот на мојот живот“, соопшти Винисиус Жуниор на заинтересираната страна и ја одби неверојатната понуда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди

Интернационалци
Арменд Алими по 20 години се врати во Башкими

Интернационалци
Никола Ѓоргев потпиша за португалскиот Фаренсе

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија
