
Капитенот на белгиската репрезентација Кевин Де Бруин остро ја критикуваше играта на својот тим по поразот од Франција.
Белгијците повторно беа прелесен залак за Французите кои по којзнае кој пат ги совладаа.
Де Бруин беше многу разочаран по овој натпревар, иако не сакаше сѐ да открие пред камерите.
„Не можам да кажам овде што не беше во ред. Веќе им кажав на соиграчите на полувремето. Не можам да го повторам истото сега во медиумите, но јасно е дека треба да играме подобро. Ако не сте доволно добри, а не се ни трудите, тогаш е готово. Можам да прифатам дека не сме толку силни како во 2018 година. Јас сум првиот што го предвидев тоа, но некои други работи се неприфатливи, но не можам јавно да кажам кои“, изјави Де Бруин.
„Имаме премногу играчи во последниот ред. Ако има шест играчи во позадина, тогаш немаме конекција на теренот. Не се работи за транзиција, туку за луѓето да не го прават она што се бара нив“, заклучи Де Бруин.
Се чини дека и ѕвездата на Манчестер Сити ги брои последните денови во националниот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
