
Селекторот на фудбалската репрезентаација на Македонија, Благоја Милевски, верува во квалитетот на својата селекција и очекуива триумф на дуелот против Ерменија утревечер на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Македонија ремизираше (1-1) против Фарски Острови на отворањето на новиот циклус од Лигата на нации, па сега мора да победи доколку сака да се надева на првото место во групата.
„Познавајќи ги моите фудбалери тие се подготвени за секој нов предизвик. На Фарски Острови имавме резултатско разочарување, но без потценување на останатите селекции мислам дека директните дуели со Ерменија ќе го решат прашањето за првото место во групата. Верувам дека утре ќе видиме една победничка Македонија. Секогаш кога сме биле под притисок сме биле одлични. Ќе има промени во стартниот состав“, изјави Милевски на прес-конференцијата во пресрет на утрешниот меч.
„Според мене, фудбалерите што се на овој собир се најдобрите што ги имаме. Ако барам натпреварувачка форма од поединци тогаш ќе треба да останеме без 70 отсто од овие што ги имаме. Секогаш сите го давале максимумот, без разлика кој е во натпреварувачка форма или не. Секогаш го гледам индивидуалниот потенцијал кај играчите. Ментално се јаки и способни да се вратат и да победат“, истакна селекторот Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
