Едер Милитао е уште еден играч на Реал Мадрид кој се повреди, а неговата повреда беше потврдена од таборот на репрезентацијата на Бразил. 26-годишниот централен дефанзивец го напушти таборот на Селесао откако доживеа непријатност за време на тренингот во средата, а тестовите направени вчера потврдија дека дефанзивецот претрпел мало кинење на мускулот на десната нога.
Тоа е уште еден проблем за шефот на Реал, Карло Анчелоти, бидејќи и Аурелиен Чуамени, Ферлан Менди и Дани Себалјос се повредија за само една недела.
Се очекува Милитао денеска да се врати дома во Мадрид на дополнителни тестови. Бразилецот сигурно ќе ги пропушти следните натпревари на Бразил против Еквадор и Парагвај, како и гостувањето кај Реал Сосиедад во Ла Лига.
Сепак, повредата на Милитао не е толку сериозна и тој најверојатно ќе биде надвор од терените помеѓу 10 и 15 дена.
Шефот на кралскиот клуб Карло Анчелоти ќе мора да размисли кој ќе му биде партнер Антонио Рудигер во одбраната на Реал Мадрид, откако Давид Алаба сѐ уште се опоравува од тешката повреда.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski