Лидерот на табелата во Втората лига Запад, тимот на ФК Скопје, полека го заокружува тимот за пролетниот дел од првенството. Откако доведе неколку засилувања во играчкиот дел и ги засили сите линии во тимот, одбраната, средниот ред и нападот, на Автокоманда пристигна и нов голман.
Ново засилување на ФК Скопје е досегашниот голман на Работнички, Филип Лазаревски. Тој треба да ја засили конкуренцијата меѓу диреците во ростерот на Љупчо Марковски.
Скопје има сериозна бодовна предност пред конкурентите Велешта и Гостивар во трката за првото место на табелата во Втората лига Запад, но максимално сериозно му приоѓа и на вториот дел од шампионатот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













