Connect with us

Беса за домашен терен го пријави Гостивар, сега прашање е што ќе прави – Гостивар

Новиот прволигаш Беса ќе дебитира во елитата оваа сезона, а за домашен терен го пријави стадионот во Гостивар. Ова ќе го создаде веќе најавениот проблем дека на Градскиот стадион во Гостивар најверојатно ќе мора да играат два прволигаши. Сега, прашање е што ќе прави Гостивар, но и дали тревникот на овој стадион ќе може да го издржи оптоварувањето што го носи настапот на два тима.

Минатата сезона бевме сведоци како изгледаше „тревникот“ на стадионот „Борис Трајковски“ во периодот кога на него играа и Вардар и Работнички, поради одлуката да биде затворена Националната арена „Тодор Проески“, каде што исто така мораше комплетно да се реновира и да се постави нова тревната подлога.

Се ближи почетокот на новото првенство, а тоа за жал си носи одредени проблеми во Македонија, со оглед на несоодветната инфраструктура.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови