
Матс Хумелс (35) е слободен агент откако на крајот на јуни му истече договорот во неговиот втор долгогодишен мандат во Борусија Дортмунд. Хумелс во својата кариера носел дресови само на два клуба, Баерн Минхен, каде што ја започна кариерата и се врати меѓу двата мандата во Дортмунд, и Борусија Дортмунд за која играше од 2009 до 2016 и од 2019 до крајот на оваа сезона.
Сега е на чекор да ја напушти Германија и првпат да заигра во странство.
Беше во преговори со Болоња, но одеднаш интерес покажа и Реал Мадрид. Шпанските медиуми наведуваат дека преговорите со италијанскиот клуб значително се забавиле, ако не се и целосно запрени, откако Хумелс дознал дека би можел да се пресели во актуелниот шампион на Шпанија и Европа.
Хумелс одигра повеќе од 500 натпревари за Борусија Дортмунд со која двапати беше шампион на Германија и двапати финалист во Лигата на шампионите. Во дресот на Баерн Минхен трипати ја освои Бундес-лигата, а како германски репрезентативец беше светски шампион во 2014 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
