
Фудбалерот на националниот тим на Шпанија, Марк Кукуреља, зборуваше на прес-конференција два дена пред полуфиналниот судир со Франција во Минхен. Најинтересната тема поврзана со играчот на Челси беше играта со рака во казнениот простор, за која не беше досуден пенал за Германија.
„Не сакам да дадам мислење, ги почитувам одлуките на судиите. Разбирам дека има сомнежи и дека некои луѓе велат дека имало пенал, други велат – не. Ние можеме да се пожалиме дека Крос можеше да биде исклучен“, рече Кукуреља.
„Судијата не кажа ништо. Ако експертите велат дека нема пенал, значи нема“, смета левиот бек на Шпанија.
„Против Франција треба да бидеме многу внимателни во моментите кога ја губиме топката. Ако ја држиме топката подолго време, ќе ги ограничиме квалитетите на Франција. Така беше и во натпреварот со Германија. Чувањето на Мбапе е тимска работа, не се работи за ‘еден на еден’. Треба да ги спречиме нивните брзи контранапади“, додаде тој.
„Луис де ла Фуенте е истиот, многу добро ја води групата. Обединувањето со секој поминат ден е многу посебно. Важно е да бидеме единствен тим, на што треба да се потчинат сите 26 фудбалери“, заврши Кукуреља.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
