Поранешниот македонски репрезентативец Кире Ристевски е најновото засилување за шампионот Струга Трим Лум. Дефанзивецот потпиша двегодишен договор со првакот.
Тој се враќа од Кипар, каде минатата сезона го носеше дресот на Етникос Ахна. Претходно играше и во Пјуник од Ерменија, АЕЛ Лимасол (Кипар), како и унгарските клубови Вашаш и Ујпешт.
Има интернационално искуство и од Албанија со Билиш, Елбасан и Тирана, и од Бугарија, каде беше член на Славија Софија.
Кире Ристевски кариерата ја почна во Пелистер, а во Македонија играше и за Работнички.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement