
Седмото коло во Серија А донесе нешто што не се случило во Италија речиси 70 години. Имено, за прв пат по 1955 година, четири гиганти не победија. Интер беше поразен од Удинезе со 3-1, Јувентус загуби со 1-0 во Монца, Рома загуби со 1-0 во Рим од Аталанта, а Милан со 2-1 на „Сан Сиро“ беше поразен од Наполи.
За првпат четири гиганти како Јувентус, Интер, Милан и Рома доживеаја порази во едно коло. Речиси 70 години немало коло во кое големата четворка доживеала порази и ниту еден тим не успеал да освои барем бод.
Последен пат Јувентус, Интер, Милан и Рома загубија натпревар во ист ден на 13 февруари 1955 година. Тогаш Јувентус загуби со 1:2 од Лацио, Интер 0:2 од Спал, Милан 1:3 од Сампдорија и Рома 0:1 од Џенова.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
