Интер го освои „скудетото“ по 11 години, но, далеку од тоа дека клубот нема проблеми. Поточно, се наоѓа во сериозна финансиска криза иако на теренот, тимот на Антонио Конте игра феноменално и сè изгледа како бајка.
Реалноста е нешто поинаква. Барем кога станува збор за финансиите. Стивен Жанг е во неволја, платите на играчите доцнат, во тек се преговори со сите фудбалери одделно, а разговорите се во насока што би можело да се направи за да се консолидира ситуацијата.
Постојат два предлога, фудбалерите да се откажат од делови од заостанатите плати, што играчите не сакаат да го прифатат, или да се намалат нивните идни приходи.
Има и уште еден голем проблем. Некои од ѕвездите на тимот се заканија дека ќе го напуштат клубот доколку Антонио Конте поднесе оставка. Се ќе биде многу појасно до крајот на месецот, до кога клубот мора да ги подмири сите долгови кон играчите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













