Connect with us

Ѕвезда на Барселона плачела како мало дете во соблекувалната

Барселона претрпе убедлив пораз на почетокот на Лигата на шампионите пред своите навивачи. Баерн Минхен победи на „Камп Ноу“ со 0-3, а фудбалерите на Барселона добија свирежи од околу 40.000 навивачи, колку што беа присутни на натпреварот поради намалениот капацитет.


Најлошо помина Серхи Роберто (29), еден од првотимците со најдолг стаж во каталонскиот тим и еден од четворицата капитени на Барселона. Тој комплетно бил скршен во соблекувалната и плачел неутешно. Го тешеле Серхио Бускетс и Жерар Пике, но тој не можел да се смири. Серхи Роберто им рекол дека не ја разбира реакцијата на навивачите бидејќи дал се од себе на теренот.

Жерар Пике поради ова беше лут по натпреварот.

„Ме повреди сето тоа бидејќи го знам како личност, тој е фантастично човечко суштество и би направил се за овој клуб. Ги потсетувам луѓето дека тој не е крилен напаѓач или дефанзивец, туку играч од средниот ред кој мораше да се жртвува за да се прилагоди“, изјави Пике.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови