Македонскиот фудбалски прволигаш Пелистер ќе бара нов тренер откако се раздели со Зоран Штерјовски. По низата лоши резултати и порази, Штерјовски одлучи да замине од „Тумбе кафе“. Притисокот од слабите резултати беше преголем и едноставно мораше да отстапи од функцијата.
Пелистер се наоѓа во опасната зона на табелата, а в среда му гостува на Работнички во 14.коло. Пелистер има кус период за да назначи нов стратег во пресрет на продолжението на шампионатот. Од битолскиот клуб доаѓа информацијата дека Димитар Капинковски ќе ја преземе работата со првиот тим до именувањето на нов шеф на стручниот штаб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













