
Аргентинецот Лионел Меси е добитник на „Златната топка“ за 2021 година, престижното признание кое се доделува за најдобар светски фудбалер во текот на годината, пренесуваат француските медиуми.
Иако се уште ништо официјално не е објавено, фудбалерот на ПСЖ ќе стигне до седмата „Златна топка“ во кариерата, прво по една година пауза поради коронавирусот.
Меси четирипати по ред ја освојуваше „Златната топка“ (од 2009 до 2012 година), а покрај споменатите, и во 2019 и 2015 година исто така беше лауреат.
Аргентинецот сега е два чекори пред Кристијано Роналдо, кој остана на пет, а ниеден друг активен фудбалер не е ни блиску до оваа бројка.
Меси зад себе има турбулентна година на клупски план, откако летово, по лошата сезона во Барселона, поради чудни околности го избра ПСЖ, каде што не се снајде најдобро во првите неколку месеци.
За разлика од клубот, тој имаше година за паметење во репрезентацијата бидејќи со Аргентина ја освои Копа Америка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
