
Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ ќе ја води селекција до 2024 година, откако денеска го продолжи договорот со федерацијата.
„Многу пати сум истакнал дека за мене нема поголем чест од тоа да ја водам хрватската репрезентација. Иако оваа работа доаѓа со голема одговорност и притисок, водењето на мојата репрезентација е најголемата привилегија што може да ја има еден тренер, па затоа не се двоумев кога ХНС предложи продолжување на соработката“, вели Златко Далиќ.
„Изминатите неколку месеци ме убедија дека сме на вистинскиот пат, чувствувам голема енергија и амбиција да продолжам да постигнувам одлични резултати со оваа освежена Хрватска и на тој начин да го радувам нашиот народ“, додаде тој.
Далиќ истакна дека е убеден во успехот во квалификациите за ЕП 2024 година.
„Имајќи предвид дека домаќин е Германија, убеден сум дека не очекува незаборавна атмосфера и поддршка од нашите навивачи, а таа слика е неверојатен мотив за мојата понатамошна работа“, изјави Далиќ.
Тој ја презеде Хрватска во 2017 година и успеа да ја одведе на Светското првенство во Русија, каде на крајот стигна до финалето.
✍️ Proud to announce that #Croatia head coach @DalicZlatko has extended his contract until 2⃣0⃣2⃣4⃣!#BeProud #Family #Vatreni❤️🔥 pic.twitter.com/EYdyLJgKdt
— HNS (@HNS_CFF) December 8, 2021

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мусијала успешно опериран по тешката повреда

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Жоао Феликс: Сакам да се вратам дома, во Бенфика

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Порто го назначи Франческо Фариоли за нов тренер
