Connect with us

Зира го претстави Ѓорѓи Стоилов

Азербејџанскиот прволигаш Зира го претстави македонскиот интернационалец Ѓорѓи Стоилов како ново засилување. Ова е прв меѓународен предизвик за одличниот играч за врска.

25-годишниот фудбалер потпиша договор на две сезони, со опција за уште една дополнителна година ако и двете страни се задоволни од соработката.

Ѓорѓи Стоилов досега го носеше дресот на Хоризонт Турново и на Академија Пандев, а има и два настапи за македонската фудбалска репрезентација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови