Започнува разврската во елитното европско клупско натпреварување. Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ги сподели очекувањата за претстојниот натпревар против Ливерпул.
„За нас овој двомеч е како финале. Има 180 минути пред нас, но пред сè мислиме на утрешниот натпревар. Клоп е одличен тренер со многу искуство. Ливерпул има одлични играчи кои можат да ги заменат повредените. И ние се соочуваме со повредени, но Реал е секогаш силен. Секогаш ќе недостига некој, но тоа не треба да биде причина за некакво алиби. Ливерпул е многу кохезивен тим. Триото напаѓачи е добро и многу ефикасно, но целиот тим е многу силен“, изјави Зидан за шпанските медиуми.
Реал Мадрид утре го пречекува Ливерпул во првиот четвртфинален дуел од ЛШ.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












