
Реал Мадрид ја победи Барселона со 2-1 во Ел Класико, а тренерот Зинедин Зидан стана првиот стратег на „кралевите“ кој добил три последовни дербија против големиот ривал од далечната 1979 година. Тој смета дека неговиот тим апсолутно заслужено ги освои трите бода.
„Имавме многу шанси, можевме да водиме и со 3-0, а потоа Барселона го покажа квалитетот и се врати во игра. Пред натпреварот беа пред нас на табелата, сега ние сме погоре и треба да бидеме задоволни, но јасно е дека има уште многу да се игра. Морав да направам замени во финишот, мораме да мислиме и на следните мечеви“, изјави Зидан.
Тој му одговори на Роналд Куман и за барањата за пенал. Менди имаше контакт со Братвајт, но судијата не покажа на белата точка.
„Секој си ја гледа ситуацијата на свој начин, како што му одговара. Судијата не досуди пенал бидејќи не беше пенал. Исто така, судијата одлучува и колку време ќе биде продолжен натпреварот. Не би сакал друго да коментирам за противничкиот тренер, за мене е најважно да ја анализирам играта на мојот тим“, истакна тренерот на Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
