Connect with us

Зидан: Јасно ни е колку е важен мечот со Интер, сега за нас секој дуел е финале

Реал Мадрид допатува во Милано каде утревечер на „Џузепе Меаца“ ќе го игра дуелот против Интер во Лигата на шампионите. Поради релативно слабиот старт, „кралевите“ се под императив да ги освојат трите бода.

Тренерот Зинедин Зидан ќе го нема на располагање најдобриот напаѓач Карим Бензема, но се надева на поволен резултат. 

„Знаеме колку е важен натпреварот за нас и ќе сториме се за да одговориме на предизвикот. За нас сега секој меч до крајот на ЛШ е како мало финале. Во тимот има фудбалери кои знаат како се играат вакви мечеви. За противник имаме силен тим, Интер заслужува максимален респект, но ние сакаме да победиме. Ќе играат тие што допатуваа, нема оправдувања во повреди и отсуства, сето тоа се заборава многу брзо, а само резултатите се памет. Лигата на шампионите е вистински предизвик за Реал Мадрид секоја сезона“, изјави Зинедин Зидан, тренерот на „кралскиот клуб“. 

Реал Мадрид се наоѓа на третата позиција во групата со четири освоени бода, колку што има и Шахтјор Доњецк, а на првото место е Борусија Менхенгладбах со пет бода. Интер е последен со само два бода по трите први кола во ЛШ.

          

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови