Жозе Мурињо повторно остана без место во Лигата на шампионите. Фенербахче загуби со 1-0 на гостувањето кај Бенфика и по вторпат во ерата на Специјалниот останува без елитниот турнир. Иронијата е уште поголема бидејќи единствениот стрелец беше Керем Актуркоглу, фудбалерот кого Мурињо инсистираше да го доведе летово, но управата на Фенербахче не успеа.
Фрустрациите за Португалецот не застанаа тука, Талиска заработи црвен картон за пет минути, а во финишот се повреди и големото засилување Џон Дуран.
За разлика од Турците, Клуб Бриж обезбеди место во групната фаза со спектакуларен триумф од 6-0 против Глазгов Ренџерс. Шкотите уште во 8. минута останаа со играч помалку, по што Белгијците доминираа. Сејс постигна два гола, а Тресолди, Станковиќ, Фанакен и Цолис се запишаа во листата со по еден погодок.
Последниот билет за сезоната 2025/26 во ЛШ го освои Копенхаген, кој во реваншот со 2-0 го совлада Базел (по 1-1 во Швајцарија). Корнелиус и Мукоко од пенал беа стрелци за Данците.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













