
Европскиот првак Италија нема да игра на Светското првенство во Катар. Синоќа доживеа шокантна елиминација од Македонија (0-1) во Палермо, но Бразилецот со италијански пасош, Жоргињо, се потсети на промашените пенали против Швајцарија.
„До крајот на животот ќе се сеќавам на тие промашени пенали. Тешко е да се објасни што ни се случи против Македонија. Се уште сум во шок. Игравме добро, креиравме шанси, доминиравме, но не успеавме да постигнеме гол. Луѓето велат дека треба да ги кренеме главите и да продолжиме понатаму. Но, тешко е да се направи тоа“, изјави Жоргињо.
Тој не реализира два пенали, на двата клучни квалификациски натпревари против Швајцарија, а потоа Италијанците мораа во бараж и завршија со дебакл од Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
