
Италија имаше колосална шанса за триумф против најголемиот ривал во групата Швајцарија, но Жоргињо не успеа да реализира пенал во 90.минута од мечот. „Аѕурите“ само ремизираа (1-1) откако играчот на Челси ја испрати топката високо над голот.

И на првиот меч против Швајцарците, Жоргињо не успеа да го надмудри Јан Зомер од белата точка. Видмер во 11.минута донесе предност за Швајцарија, а израмни Ди Лоренцо во 36.минута.
Италија и Швајцарија имаат по 15 бода на врвот, „аѕурите“ за два гола подобра гол – разлика, но во последното коло гостуваат во Северна Ирска, додека Швајцарците дома ја пречекуваат Бугарија. Ќе биде интересно во битката за пласман на СП во оваа група.
Англија ја декласира Албанија со 5-0, и тоа со пет гола во првото полувреме. Хари Кејн постигна хет – трик, а стрелаа и Хари Мегваер и Џордан Хендерсон.
Данска славеше против Фарски Острови со 3-1, Австрија со пресврт го совлада Израел со 4-2, а лесни победи остварија и Полска (1-4) против Андора и Унгарија (4-0) против Сан Марино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
